Никола Тупанчески – македонскиот министер за правда смета дека правно гледано одредбите на законите па и оној за граѓански здруженија и фондации не треба да се применуваат ретроактивно иако постојат институции кои можат да реагираат ако примената на законот не е во согласност со постоечката регулатива.
„Секој конструктивен предлог за измените на Законот за здруженија и фондации ќе биде прифатен“ изјави денеска Тупанчески одговарајќи на новинарско прашање за предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој не сакаше да прецизира дали ќе побара преименување на бугарските клубови „Иван Михајлов” и „Цар Борис Трети” туку рече дека за тоа постојат и други институции.
„Легалистички гледано, одредбите не треба да се применуваат ретроактивно, меѓутоа доколку се констатира дека има одредена неправилност или активност што не е во согласност со законот, има и други институции кои имаат можност да постапуваат” рече Тупанчески.