Тупанчевски пред оставката не го потпишал мислењето за новата Еврообврзница

Тупанчевски министерот за правда , пред својата оставка не го потпишал мислењето за новата Еврообврзница. Потпишувањето ќе значење задолжување од 600 милиони евра.

Со ова процесот за задолжување со еврообврзница ќе се врати на почеток, а неизвесна е каматата која ќе биде назначена за новата еврообврзница.

Каматата за еврообврзницата која пропаѓа беше 6,5% .

Најголемиот дел од средствата беше наменетслужеа за покривање на стари долгови односно седум годишната обврзница издадена во 2017 година.

„Целосната постапка за  издавање на еврообврзнивцата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда. Веднаш по изборот на новиот министер за правда че се одржи нова аукција. За ова банките – агенти што посредуваа при издавањето на еврообврзницата ќе ги информираат  инвеститорите, кои при минатата аукција имаа 2,5 пати поголем интерес во однос на понудената сума, како резултат на довербата во добрите економски политики “,  стои во соопштението на министерот за финансии.

Годинава треба да исплатиме 594 милиони евра за главница како и 138 милиона евра за камати. Од нив, најголемиот дел отпаѓа на седумгодишната еврообврзница издадена во 2016 година.За неа само во оваа година треба да се исплати износ од 450 милиони евра, со камата од дополнителни 25 милиони евра.

Владата на седница ја усвоила Информацијата за продолжување на постапката за потенцијално задолжување на државата на меѓународниот пазар во 2023 година. Од Министерството појаснуваат дека се работи за документ што е во насока на продолжување на процесот што беше предвиден, а не се реализира во 2022 година поради неповолната состојба на меѓународниот пазар.