Трудо по вторпат „закачи“ коронавирус

Премиерот на Канада – Џастин Трудо по вторпат е заразен со Ковид-19, откако пред неколку дена имаше средба со американскиот претседател Џо Бајден.

„Ќе ги следам упатствата на здравствените експерти и ќе се изолирам. Се чувствувам добро, но тоа е затоа што ги добив вакцините“ – напиша Трудо на Твитер.

Канадскиот премиер е вакциниран трипати. Во јануари годинава тој прими бустер-дозата, а истиот месец беше позитивен на тестот за Ковид-19.

Информацијата дека тој е позитивен на Ковид-19 е објавена веднаш по неговото враќање од Лос Анџелес каде што минатата седмица имаше средби со лидерите на Самитот на двете Америки.