Трпчески со овации награден и на концертите во Сао Паоло, Бразил

По настапите на отворањето на 39-от Фестивал „Будва – Град театар“ во Црна Гора и во рамки на фестивалот „ВондерФил“ во Холандија, каде што заедно со своите пријатели Крстев, Сомов, Мамудов и Нушев го изведе проектот МАКЕДОНИСИМО, македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески одржа концерти во бразилската метропола Сао Паоло.

Серијата стартуваше со рецитал на 13 јули, по што дури 3 вечери (од 17 до 19 јули) како солист на Симфонискиот оркестар на Сао Паоло, под диригентската палка на прославениот маестро Васили Петренко, Трпчески учествуваше во изведбата на Концертот за пијано и оркестар број 1 од Чајковски. Бразилската публика со овации ги поздрави сите изведби, а вистински куриозитет беа и македонските знамиња во публиката. На топлиот прием нашиот пијанист возврати со изведби на бис – од Вила Лобос, преку Бужаровски, до фрагмент од МАКЕДОНИСИМО. Концертите со своето ангажирано присуство ги поддржа и Претседателот на македонско-бразилската стопанска комора, Луис дел Вале.

Богатиот концертна сезона на нашиот пијанист на крајот од месецов ќе биде заокружена со настапот како солист на Филхармонискиот оркестар „Тосканини“ на фестивалот „Леричи“ каде што во амбиентот на тврдината Фирмафеде во Сарцана, под диригентската палка на Џанлука Марчијано на програмата е Концертот за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов.

Стартот на новата сезона во септември, ќе го поведе нашиот пијанист на настапи во Чешка, Соединетите американски држави, Романија, Велика Британија, Холандија,..