Тројца мажи во Јужна Африка се обвинети за убиство на две жени на возраст од 47 и 34 години. Тие се обвинети и дека ги хранеле свињите со нивните тела на фармата каде што работат. Судскиот процес за убиство почна оваа недела.
Сопственикот на фармата Закарија Јоханес Оливие (60), надзорникот Адријан Рудолф де Вет (19) и вработениот во фармата Вилијам Мусора (45) се соочуваат со две точки од обвинението за убиство со умисла и едно обвинение за обид за убиство и поседување огнено оружје без дозвола.
Нивните жртви, Лодасија Ндлову и Марија Макгато, дошле на фарма во северната провинција Лимпопо во август, кога биле убиени, пишува „Скај њуз“.
Сопругот на убиената Ндлову бил со жените кога тие отишле на фармата и изјавил за јужноафриканската телевизија Њузрум Африка дека и тој бил застрелан таму.
Ндлову и кажал на полицијата што се случило пред полицајците да ја посетат фармата, но не ги пронашле жените, според јужноафриканскиот информативен сајт IOL.
Успеал да ползи до блискиот пат и побарал помош пред да биде пренесен во полициска станица, каде била повикана брза помош.
Неколку дена подоцна, полицајците ги пронашле телата во свињарницата на фармата. Полицијата потврдила дека на нивните тела имале бројни прострелни рани.
Двете жени и преживеаниот Ндлову влегле во фармата за да се обидат да набават млечни производи со поминат рок.
Случајот предизвика незадоволство во Јужна Африка, при што неколку политички партии протестираа пред судот барајќи на мажите да им биде забрането ослободување и да се соочат со најстрогата можна казна.
Судењето на земјоделците продолжува следниот месец.