Тројца нови амбасадори ќе ги претстават платформите за дипломатските активности пред Комисијата за надворешна политика

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија се претставувањата на платформите за дипломатските активности на наши тројца вонредни и ополномоштени амбасадори. Во Кралството Данска ќе не претставува Фадил Зендели, во Украина Димитар Блажевски и во Република Албанија, Веле Трпевски.

Во Собранието денеска седница ќе одржат две комисии – Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија и Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите.

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија се претставувањата на платформите за дипломатските активности на наши тројца вонредни и ополномоштени амбасадори. Во Кралството Данска ќе не претставува Фадил Зендели, во Украина Димитар Блажевски и во Република Албанија, Веле Трпевски.

На Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите се Годишниот извештај за работата на Оперативно-техничка агенција за 2025 година и Годишниот финансиски план за 2026 година на Оперативно-техничката агенција за средствата од надоместоците од Агенцијата за електронските комуникации.