Тројца маскирани го подметнуваат пожарот во кафе барот „Барон“ пред убиството на Туша

Видео: ТВ Телма

Тројца маскирани мажи го подметнале пожарот вчера рано наутро во кафулето „Барон“ во Чаир, чие име го носи и криминалната група која е во отворена улична војна со криминалните групи Дуќанџик/Грчец.

На видеото кое го објави телевизијата Телма, се гледа како еден од маскираните со тврд предмет ја крши влезната врата во кафулето, а другите двајца влегуваат внатре со туба во рацете.

Еден од нив чува стража пред вратата, а откако маскираните ја ралеваат запаливата материја внатре, излегуваат надвор, а водачот ја потпалува течноста со запалка.

Влезот на објектот почнува да гори, потпалувачот за малку избегнува да биде запален и тројцата маскирани бегаат. Се се случува за половина минута.

Пожарникарите интервенирале околу 4 часот наутро, вчера и по 40-минутна интервенција го изгаснале пожарот.

Неколку часа по пожарот е застрелан Зелкиф Туша, таткото на притворениот Гани Туша кој е осомничен за учество во убиствата на припадници на кланот Грчец во Шиша Бар и на Халкидики. Гани Туша е припадник на бандата Барон. Обвинителството истражува поврзаност на пожарот и убиството на Зелкиф Туша.

Поврзаност меѓу двата инцидента бара и Јавното обвинителство. Оттаму рано изутрина соопштија дека извршен е увидот на местото на убиството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)