
Тројца луѓе загинаа во страотен судир на три автомобили и трактор во Србија
Тројца луѓе загинаа вчера вечер во сообраќајна несреќа во близина на српскиот град Зрењанин, на патот меѓу селата Меленци и Башаид, соопшти полицијата, според српските медиуми.
Тројца луѓе загинаа вчера вечер во сообраќајна несреќа во близина на српскиот град Зрењанин, на патот меѓу селата Меленци и Башаид, соопшти полицијата, според српските медиуми.
Како што е соопштено, синоќа во 18 часот и 25 минути полициското одделение во Зрењанин било известено дека на патот на излезот од Меленци кон Башаид се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили и еден трактор.
Два од автомобилите по судирот се запалиле и досега е потврдена смртта на тројца луѓе, додека уште четворица се повредени, од кои двајца имаат тешки повреди.
Полицијата, пожарникарите и брзата помош по пријавувањето веднаш излегле на местото на несреќата.