Тројца загинати во пукање во Вашингтон

Пукање имало во југоисточен Вашингтон, три лица загинале, а две се повредени, соопшти градската полиција.

„Наши вработени во саботата вечерта се јавија на повик во југоисточниот кварт во населбата Гуд Хоуп Роуд, каде се слушаа истрели… На лице место пронашле петмина повредени како последица од пукањето. Три лица загинаа на лице место“ – изјави в.д. началникот на полицијата, Памела Смит во официјална изјава за новинарите.

Меѓу загинатите има двајца мажи и една жена.

Две жртви, мажи, се хоспитализирани. Градската полиција го истражува инцидентот, пренесе РИА.