
Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија
Поплавите што зафатија делови од југоисточна Бугарија и брегот на Црното Море одзедоа три животи и принудија стотици луѓе да се евакуираат своите домови.
Поплавите што зафатија делови од југоисточна Бугарија и брегот на Црното Море одзедоа три животи и принудија стотици луѓе да се евакуираат своите домови, соопштија бугарските власти.
Министерот за внатрешни работи Даниел Митов изјави дека меѓу трите жртви се двајца спасувачи кои загинале пружајќи помош во крајбрежното одморалиште Елените, кое е најпогодено од невремето.
Делови од крајбрежниот регион се тешко оштетени, а пороите однесоа автомобили и приколки во морето и поплавија куќи, хотели и кампови.
Бугарските власти прогласија вонредна состојба во неколку градови по должината на брегот на Црното Море, а јавниот превоз е во прекин поради поплавени патишта.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ситуација во регионот на Бургас постепено се нормализира. Во североисточниот дел од земјата и денеска е прогласен жолт аларлм за можно невреме, а се следат и тековите во сливот на реките Тунџа, Јантра и Марица.
Во текот на изминатите 24 часа, одговорено е на 340 повици за предизвикана штета од невремето. Од нив 218 биле за паднати дрвја, 100 за поплавување и 22 за обезбедување помош и евакуација. Полициските, жандармерските и противпожарните служби евакуираа над 100 луѓе во погодените населби, од кои 17 се деца.
Над 80 населби се без електрична енергија. Состојба на катастрофа е прогласена во општините во регионот на Бургас, Монтана, Видин, Перник и Крџали, а вонредна состојба во Несебар, Царево, Перник, Крџали.
Во округот Бургас, ситуацијата останува најтешка во Царево, Свети Влас и одморалиштето Елените. Делови од Созопол, селото Лозенец и две населби во општина Карнобат се без електрична енергија.
Дел од патиштата се затворени поради паднати дрвја, а дестици населби се отсечени.
Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се ангажирани дополнителни сили кои им помагаат на локалните власти во надминување на последиците во поплавените населби. На терен се и припадници на армијата.