Тројца демократи од Претставничкиот дом на Конгресот во САД добија закани за бомби

Заканите ги примиле демократите Џо Кортни, Џахана Хејс и Џим Хајмс, сите тројца од Конектикат, објави Њузвик.

Тројца членови на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес од редовите на демократите добиле заканувачки пораки за подметнати бомби во нивните куќи синоќа на Денот на благодарноста, што се слави секој последен четврток во ноември, објавија американските медиуми.

Заканите ги примиле демократите Џо Кортни, Џахана Хејс и Џим Хајмс, сите тројца од Конектикат, објави Њузвик.
Во ниту еден дом на тројцата демократи не се пронајдени бомби или експлозивни материјали.