
Три стамбени згради во Струмица останаа без влезни врати
Три стамбени згради во Струмица останаа без влезни врати.Украдените влезни врати се од зградите на улица „Ѓорѓи Василев“ бр.38. и од зграда на улицата „Ристо Ќурчиев“.
На еден од влезовите,оштетено е и стаклото.Полицијата потврди еден пријавен случај,за кој се преземени мерки.
Станарите утрово забележале дека нема влезни врати откако тргнале на работа. Според нив, кражби имало и порано, но најчесто од подрумите и велосипеди.