
Три награди за „Диџеј Ахмет“ на 31. Сараево филм фестивал
Диџеј Ахмет“ до крајот на месецов ќе игра и на фестивалите во Херец Нови во Црна Гора и Хагеснд во Норвешка. Македонската премиера на филмот ќе биде на затворањето и 46.издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, кој ќе се одржи од 20 до 26 септември.
Дебитантскиот филм „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски ја доби наградата „Перспективи на младите“ (Youth Perspectives), на 31. Сараевски филмски фестивал што заврши синоќа. Наградата изнесува 7.500 евра, а ја финансира Советот на Европа. Филмот ја доби и наградата на порталот Cineuropa, веб-страница посветена на европската кинематографија и филмските професионалци и „се доделува на филм кој, покрај неспорните уметнички квалитети, ја промовира идејата за европски дијалог и интеграција.“ Вредноста на оваа награда изнесува 5.000 евра.„Диџеј Ахмет“ ја доби и UniCredit наградата од публиката за најдобар игран филм.
Филмот „Ветру, зборувај со мене“ на режисерот Стефан Ѓорѓевиќ ја освои наградата „Срцето на Сараево. Наградата за најдобра режија ја доби Ивана Младеновиќ, за филмот Sorella di Clausura (Романија, Србија, Италија, Шпанија). Наградата „Срце на Сараево“ за најдобра актерка ја доби ансамблот на филмот Fantasy – Сара ал Салех, Алина Јухарт, Миа Скрбинац, Мина Миловановиќ. Овој филм е копродукција помеѓу Словенија и Македонија.
Диџеј Ахмет“ до крајот на месецов ќе игра и на фестивалите во Херец Нови во Црна Гора и Хагеснд во Норвешка. Македонската премиера на филмот ќе биде на затворањето и 46.издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, кој ќе се одржи од 20 до 26 септември.
Светската премиера на „Диџеј Ахмет“ беше на 24 јануари, на фестивалот Санденс во Парк Сити, Јута, каде доби две награди: Наградата од публиката во програмата Светски филм и Специјалната награда на жирито за креативна визија. Оттогаш има добиено вкупно седум награди.
Агенцијата за продажба на права „Филмс бутик“ од Берлин ги продаде правата за диструбуција на македонскиот филм во Австралија и Нов Зеланд, Бенелукс, Канада, Шпанија, Израел, Португалија и во земјите од поранешна Југославија.
„Диџеј Ахмет“, на турски и македонски јазик, е драма со примеси на комедија за Ахмет, 15-годишно момче од забито јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, конзервативната заедница и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг.

