Три мртви деца пронајдени во куќа во Англија, уапсена жена

Три мртви деца биле пронајдени во куќа во Бирстол, по што властите уапсиле жена.

Полицијата на местото на настанот пристигнала во 00:40 часот, по добиена пријава за можен инцидент.

На местото на настанот била констатирана смрт на децата, а 42-годишната жена е приведена во полиција.

„Во овој трагичен настан животот го загубија три деца. Моето искрено сочувство до најблиските членови на семејството. Веруваме дека ова е изолиран инцидент и дека нема понатамошна закана за пошироката заедница“, изјави инспекторот Викс Хејворд-Мелен, објави Би-би-си.