
Три лица се уапсени, меѓу кои и еден грчки државјанин, поради инцидентот што се случи на новогодишната ноќ на сплавот „Фристајлер“, кога сплавот потона во реката.
Во акцијата учествувале полицијата и Третото основно обвинителство во Белград, потврди Танјуг.
Припадниците на петтото одделение на белградската криминалистичка полиција, по наредба на Третото основно јавно обвинителство во Белград, го уапсиле управителот на сплавот Фристајлер Д.В. (44), директорот М.Р.(41) и сопственикот на сплавот, кој е државјанин на Грција М.Љ. (51).
Тие се уапсени поради сомнение дека сториле тешко кривично дело против општата безбедност со намера да предизвикаат јавна опасност.
Сплавот Фристајлер почна да тоне за време на новогодишната ноќ, а на него имаше значително повеќе луѓе од предвидениот капацитет.