Три жртви во пожар во зграда во Анкара, меѓу кои и тримесечно бебе
Турските власти денеска соопштија дека синоќа околу 22:00 часот, на четвртиот кат од 26-катница во квартот Чанкаја во Анкара, избувнал пожар во кој животот го загубиле три лица, меѓу кои и тримесечно бебе.

Пламенот брзо се проширил на другите катови, а противпожарните екипи работеле околу четири часа за да го стават пожарот под контрола, пренесува турскиот јавен сервис ТРТ.
Тимови на Итната помош пружале помош на лице место и згрижиле 26 повредени лица, од кои 20 биле упатени во градските болници Анкара Билкент и Етлик, како и на клиниката на Медицинскиот факултет при Универзитетот Гази, а едно лице е во тешка состојба.
Според информациите на пожарникарите, 39 лица, вклучително и седум пожарникари, претрпеле помали здравствени проблеми поради труење со чад.