Триста средношколци се собрале на договорена тепачка во „Бисер“, полицијата спречила голем инцидент

Вчерва во трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром се собрале огромен број на ученици, околу 300, на „договорена тепачка“, а ескалација спречила полицијата, објави „А1он“.

Очевидци за порталот велат дека децата биле собрани во трговскиот центар и околу него, но полицијата брзо реагирала и успеала да ги разбие групите.Вечерва е зголемено полициското присуство во ТЦ „Бисер“.

„Договорените тепачки“ стануваат сѐ почести, а минатиот месец беше објавена и снимка од сличен инцидент во Дебар Маало, која предизвика многу реакции на социјалните мрежи.