Министерот Цветан Трипуновски после состанокот со откупувачите и преработувачите на црвена пиперка соопшти дека е постигнат договор за откупните цени.
Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остварив заедничка средба со преработувачите и откупувачите на црвена пиперка. Постигнавме договор за откупни цени на црвената пиперка и тие истите според класи ќе бидат:
✅ прва класа – 40 денари за килограм
✅ прва/втора класа – 30 денари за килограм
✅ втора класа – 20 денари за килограм
✅ трета класа – 12 денари за килограм. – соопшти Трипуниовски.
Министерот Трипуновски во неколку наврати одржа состаноци со земјоделците, преработувачите и откупувачите каде што глава тема беше откупната цена и текот на откупот на црвената пиперка.
Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат до договорените цени во текот на целиот откуп, но во согласност на побарувачката истите имаат тенденција да се зголемуваат за што Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Вистински се грижиме за македонските земјоделци, тие конечно имаат партнер во Министерството. – заврши Трипуновски.