(Видео) Трипуновски: Македонските граѓани јадат неквалитетна и непроверена храна
Околу наводите за злоупотреба на средствата од ЕУ, Трипуновски вели дека имало истрага за злоупотреба на ИПАРД средства, односно на апликации коишто биле со сомнителен карактер.
Состојбите во земјоделството секогаш се во фокусот на вниманието на земјоделците, особено при распределбата на субвенциите и како и средствата од ИПАРД фондовите.
„Македонија важи за земјоделска држава. Јас во минатото имам постојано констатирано и апослвирано теми од областа на земјоделството. Македонија ги има сите предуслови за квалитетно земјоделско производство. И квалитетно и квантитетно, но сите економски, сите статистички показатели коишто ги следевме изминатиов период, Македонија за жал го губи епитетот на земјоделска држава, бидејќи сите показатели кажуваат дека за последната година, речиси една милијарда евра се се потрошени на увоз на храна и тоа е најголем дел од храната којашто некогаш се произведувала во Република Македонија. Да бидам искрен, не станува збор за продукти коишто ги немаме на нашиот пазар, туку тоа се продукти коишто некогаш сме ги произведувале, а денеска не. Сега во она што се наоѓаме како држава навистина, загрижува фактот што мораме да мора да трошиме национални средства за увоз на храна, наместо да произведуваме“, изјави Цветан Трипуновски министер за земјоделство, на прашањето зошто се повеќе стануваме увозно зависна држава.
„Прстот го вперувам во погрешните, задоцнети политики, немање инвестиции во водостопанство. Заради задоцнување со конкретни мерки, задоцнети мерки, заради тоа што немаше партнер од другата страна којшто ќе биде од страната на земјоделците се доведовме во ситуација Македонија повеќе да увезува од тоа што произведува.
На прашањето колкава е искористеноста на европските фондови за земјоделците, Трипуновски вели дека досега се искористени некаде околу 33%, зборам за ИПАРД 3 програмата. Во најава сме веќе наредниот месец да има уште една објава за мерката 7, кадешто очекуваме реализација на некаде околу 45% од средствата коишто се на располагање.
„Но морам да го нотирам фактот дека ситните земјоделци во Република Македонија, оние малите земјоделски стопанства, тешко доаѓаат до овие европски средства, затоа штокритериумите се превисоки, условите се преголеми, преголема е бирократијата и едноставно малите земјоделски стопанства, повеќе се надеваат и очекуваат помош од државниот буџет и програмите коишто ги има министерството, тоа е програмата за директни плаќања, односно субвенциите и програмата за рурален развој која што ние веќе од наредната година со буџетот кој го спремаме сериозно сакаме да им помогнеме на овие мали земјоделски стопанства, на индивидуалните земјоделци, да ги спремиме, за да можат и они да ги користат овие европски средства, вели Трипуновски.
Околу наводите за злоупотреба на средствата од ЕУ, Трипуновски вели дека имало истрага за злоупотреба на ИПАРД средства, односно на апликации коишто биле со сомнителен карактер.
„Знам дека Европската агенција за истраги во минатото имаше влезено во Агенцијата за финансиска поддршка, се прават некои дополнителни испитувања и сигурно ќе има разрешница, а индициите се дека има злоупотреби во делот на исплатата на субвенции, како од националните, така и во делот на ИПАРД средствата, потенцира Трипуновски и додава дека не се седи со скрстени раце и дека директорот на Платежната агенција има иницијатива за разоткривање на вакви злоупотреби.
„Изминативе три месеци, како и во министерството, така и во другите институции каде што иамвме сериозни индиции за сериозна злоупотреба, сега се проверуват и ќе има соодветни пријави“, вели Трипуновски.
„Ние се доведовме во ситуација да молиме од соседните држави или незнам од каде, да увеземе храна за да ги прехраниме нашите сограѓани. Тоа навистина е на ниво на една катастрофа. Затоа ние сега работиме на санација на некои од штетите коишто сме ги наследиле веќе работиме на сериозен план како да ја стартуваме 2025 година, подготвени, со сериозни мерки, проекти, програми коишто заедно ги работиме со земјоделските здруженија, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Целото интервју со министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, погледнете го во видеото.