Политиките кои што ги води помалиот коалициски партнер во владата на ДУИ, СДСМ или се задоцнети или се промашени. Најголем дел се промашени, а конкретно за оваа мерка е задоцнета, вели Цветан Трипуновски, претседател на републичка комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Ваша страна на телевизија Телма.
Според него замрзнати цени требало да има кога се увезувале во државата.
Ако сакаше владата да работи во интерес на граѓаните и да се заштеди сериозна сума на финансиски средства кои што се удар врз фамилијарниот буџет, требаше цената на земјоделските производи овошје и зеленчук да ги замрзне пред почетокот на календарската година, бидејќи тогаш кило краставица во јануари која што е од увозен карактер се продаваше од 180 до 200 денари. И таа маржа тогаш требаше да се корегира и да се намали за да нема негативен ефект врз граѓани. И сега ние имаме кога со месеци задоцнето реагирање и кога стасува домашното производство владата ги замрзнува цените кои што се далеку пред производните и тука се удира врз грбот на македонските земјоделци, рече тој.
Потенцираше дека статистиките за минатата година говорат дека изумирањето на земјоделието е резултат на погрешни и погубни политики.
Прво во Македонија земјоделството изумира и затоа денеска имаме се по намалено по количина и по површина на единица производство земјоделски производ без разлика од која култура е. И во тој дел Македонија е повеќе увозно зависна. Ако во минатото сме биле извозно ориентирани, денеска се повеќе увозно зависни и за тоа говори и статистиката која за 2022 година трговскиот дефицит е околу 316 милиони евра. Денеска Македонија се наоѓа во состојба да моли за храна од соседните држави и од регионот. И зошто е тоа така, бидејќи пред неколку дена излегува министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој е најповикан и вели дека замрзнувањето на цените не влијае на приходот на земјоделците. Па знаете каков удар е ова за секој земјоделец, праша Трипуновски.
Кога имаме услови на скапо производство, кога државата требаше да интервенира, да помогне за производството, да ги олесни и намали трошоците, тоа не се случи. Ние два пати апелиравме да се намали акцизата на нафтата за земјоделците, но тоа не се прифати , апелиравме да се помогне во делот на вештачки ѓубрива и тоа не се прифати, апелиравме да се намалат давачките за репроматеријали и пестициди и тоа не се прифати. И сега имаме скапо производство и треба некоја да го плати, а тоа што се преспа периодот за тоа никој не е крив. Ова што се случува се виновни СДСМ, нивните погубни политики, објасни Трипуновски.