Тринаесет повредени во сообраќајка на превојот Валандовски рид

Во директен судир на две патнички возила со струмички регистарски ознаки, што се случил вчера на патот Струмица-Валандово, на превојот Валандовски Рид повредени се 13 лица

Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова информираше дека имало повеќе повредени лица кои се пренесени на лекување во болницата во Струмица. За денеска најави повеќе детали за сообраќајката.

Според информациите од директорката на струмичката болница, Катерина Кузмановска, едно дете на шестгодишна возраст и една жена се со потешки повреди и се пренесени на понатамошно лекување во Клиничкиот центар во Скопје, додека останатите се со полесни повреди и се на лекување во Струмица.

Во извлекувањето на повредените учествувало и противпожарно возило, а екипа на полицијата извршила увид.