Зошто претседателот Пендаровски без двоумење го потпиша указот за измените на Кривичниот законик со кој се намалуваат затворските казни за одредени дела?
Дали измените се македонска шлаканица за Брисел и релативизирање на американската црна листа на која се најдоа политичари и бизнисмени?
Дали Пендаровски би го амнестирал екс премиерот Груевски?
Несвесно ли паднавне во бугарска замка со отварање на историските прашања и кои би биле реперкусиите врз државата ако до ноември не се реализираат уставните измени?
На овие и други прашања одговараше во интервјуто претседателот Стево Пендаровски.
Во Трилинг со адвокатот и поранешен антикорупционер Драган Малиновски анализиравме дали со измените на Кривичниот законик и носењето на Закон за амнестија е уште еден удар врз политиката на неказнивост и ерозија на правниот систем?
Уредничката на Фокус, Ирена Мулачка која го обелодени скандалот на Клиниката за онкологија разговараше со Александра Величковска на која пред повеќе од една година и бил дијагностициран рак?
Ова е комплетното издание на синоќешната емисија – прва во новата сезона: