Трилинг фото галерија од протестите во Белград

Протест насловен ,,Србија против насилството” е спроведен во Белград. Граѓаните беа поканети на собирот од опозициските партии, сепак тој се одржа без партиски симболи и говори.

 

Граѓаните се собраа околу 18 часот на централниот градски плоштад, каде Гордана Арсиќ, професорка по литература во гимназијата во Ниш, ги прочита барањата кои се исти како и на претходните протести – затворање на медиумите кои промовираат насилство, смена на членовите на Советот на РЕМ, смена на министерката за внатрешни работи Братислава Гашиќ и директорот на БИА Александар Вулин и „итна седница на Народното собрание на која би била одговорноста на републичката Влада и безбедносната состојба во државата“.

Граѓаните прошетаа до Градското собрание, каде ги имаа истите барања.Претходно денеска пред зградата на РЕМ во Белград се собраа претставници на опозициските партии за да го достават подготвениот текст за оставките на членовите на Советот на таа институција.

На плоштадот Никола Пашиќ пред зградата на РЕМ, со транспарент на кој пишуваше „Србија против насилство“.

Но, не успеале да го поднесат барањето бидејќи, како што наведоа, им било кажано дека матичната служба која треба да го добие ова барање не работи.

Затоа решиле ова барање да го залепат на влезната врата на оваа институција.