Трилинг: Судиите се независни, но не се амнестирани од критичко јавно мислење

Зошто судиите во Апелација долго ја криеја одлуката дека ја поништиле пресудата?

Судиите се независни, но не се амнестирани од критичко јавно мислење и сомневање, ниту живеат под стаклено ѕвоно.

Наскоро ќе се покаже кој се свесно е вклучен во играта за застареност на делата од прислушувањата. Некои од избирачите ќе бидат среќни, им се враќаат братучедите.

Јадна е оваа држава ако единствениот избор им е Груевски со 7 проценти, Мицкоски со 6 и Ковачевски со 5 насто рејтинг.

Професорите Гордан Калајџиев и Ило Трајковски, Артан Груби од ДУИ и Тони Трајанов – извршен директор на Македонско кредитно биро (МКБ) беа гости во вечерашното издание на Трилинг.