Трилинг репортажа: Хрватскиот трнлив пат за влез во ЕУ како пример за Македонија

За ситуацијата меѓу Хрватска и Словенија, спогодбата што ја има направено Загреб и приказната која стои зад влезот на Хрватска во ЕУ вечерва можете да ја погледнете репортажата на уредникот и водител на оваа емисија Горазд Чомовски. Ова ретро го користиме како најава за искушенијата кои допрва ја очекуваат Македонија.

Јадранка Косор, долгогошната членка на ХДЗ и поранешна премиерка на Хрватска разговараше со Чомовски за трнливиот пат кој го поминала Хрватска. Како дел од разговорот е и книгата „Ден после вчера“ која е посветена на нејзиниот син.

Денес Хрватска е полноправна членка на ЕУ. Економскиот раст кој во овој момент го има Хрватска е исклучиво заради членството во ЕУ, вели Косор раскажувајќи за голготата која Хрватска ја поминала за да стигне до ЕУ.

Косор вели дека само храбри политичари можат да донесат големи и важни одлуки.

Ние се плашевме од големи инциденти, тие се случуваа, а непријателството растеше. Мислам дека само храбри политичари можат да работат на тој начин, себеси да се изложат за да се оствари некоја повисока цел. Со претседателот Пахор и натаму останавме пријатели. Иако на самиот почеток не си веруваме меѓусебно, преговорите беа многу тешки и напорни, но тоа сега е минато, додава Косор.

Таа дополнува дека имале проблеми со самото тоа што разговарале, а не дека ќе дојде до компромис меѓу двете држави.

Како дел од оваа репортажа имаме разговори со повеќе гости, а еден од нив е и универзитетскиот професор Александар Маршавелски.

Воедно, за Санадер разговараме и со хрватскиот новинар, Александар Станковиќ, а и со поранешниот претседател на Хрватска Стјепан Месиќ.

За да влеземе во ЕУ моравме да исполниме одредени услови и да оставариме стандарди и тоа беше пресудно за влезот во ЕУ. Тоа е милениумски проект, а нашата цел беше што побрзо да бидеме дел од ЕУ.

Тој вели дека има голема неправда кон Македонија во патот кон ЕУ.

Во продолжение може да ја погледнете целата емисија.