(Видео) Трилинг најава: Партиско-криминализирана или професионализирана администрација
Дали укинувањето на балансерот може да предизвика дисбаланс во меѓуетничките односи? Можни ли се граѓански немири? Каква храна јадат македонските граѓани? Дали мафијата ги контролира аграрните пазари? Како млад човек со упорност, знаење и умешност успева да го менаџира бизнисот надвор од Македонија?
Дали укинувањето на балансерот може да предизвика дисбаланс во меѓуетничките односи? Можни ли се граѓански немири? Каква храна јадат македонските граѓани? Дали мафијата ги контролира аграрните пазари? Како млад човек со упорност, знаење и умешност успева да го менаџира бизнисот надвор од Македонија?
„Гаранцијата за секој, не само за етничката заедница, за било кој во јавната администрација, мора да се темели на стручност, на знаење и на квалитет. Етнички Албанци во овој момент има меѓу 22-23% во јавната администрација“, вели Горан Минчев, министер за јавна администрација.
„Јас мислам дека тоа е еден политички популизам, од страна на опозициската партија ДУИ“. Повторно ќе се навратам, зошто немаше тензии од 2001 до 2015 година?, прашува Минчев.
„Речиси една милијарда евра се увезени односно потрошени на увоз на храна и тоа е најголем дел од храната која некогаш се произведувала во Македонија“, вели Цветан Трипуновски министер за земјоделство и додава дека ние треба да се доведеме во ситуација да молиме од соседните држави или незнам од каде, да увеземе храна за да ги прехраниме нашите сограѓани. Тоа навистина е на ниво на една катастрофа, смета министерот за Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
„На која мафија мислите мислите. Некоја мафија којашто постои во државата? Во моментов на пазарите се продаваат земјоделски производи коишто се помалку се продаваат од примарните земјоделски производители, а се повеќе се продаваат од трговците“, додава Трипуновски.
„Кога го креиравме бизнисот, нормално го заштитивме името, го заштитивме и логото со трејд марк низ Европа, така што не би можел некој да го ископира, да направи иста копија од истото, така што идеја ни беше секогаш да отвориме три локации низ Малта, коишто ќе бидат доста достапни како локации за целото население“, изјави Ален Осман, основач на ланец слаткарници „Mamma’s Sugar“ на Малта.
Гледајте во новото издание на „Трилинг“ со Горазд Чомовски, вечерва во 20:45.