Трилинг: Кочанската трагедија ќе остави лузни кои тешко ќе заздрават

Ќе се извлече ли поука од од трагедијата во Кочани? Гневот, бесот и смртта на млади луѓе нема да ги излечат лузните, но ќе отворат ли пат за конечно да разбереме дека толерирањето на беззаконието, корупцијата и криминалот може да предизвикаат последици од невиден размер како оваа трагедија, која ќе остави печат во поновата македонска историја.

Фото: Трилинг / Игор Јакимовски

Сведоштво на маратонецот Игор Јакимовски: Да газиш преку мртви, да гледаш јагленосани тела, локви крв, да ги пакуваш и да им пишуваш имиња и презимиња, да ги товариш, да гледаш семејства како се распаѓаат, како не им се живее повеќе, така изгледаше траорната слика, по пожарот во кочанската дискотека, во кочанската болница. Правевме максимум да помогнеме да се спасат сите оние од очајот.

Фото: Трилинг / Ивон Величковски

Во магазинот „Трилинг“ политичарот Ивон Величковски вели дека зад оваа трагедија виновниците треба да се бараат во неколку гарнитури предводени и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ и потсетува на „франкфуртската мафија“, случајот „Детонатор“…

Фото: Трилинг / Проф. Неда Здравева

На крај универзитетската професорка пак, Неда Здравева, зборува за мирниот собир на студентите, упадот на власта на платото пред УКИМ, но и за правните аномиалии и ноншалантноста на сите власти, без исклучок, кои во изминатиов период поради неделување дозволија ваква голема несреќа да ни се случи.

„Трилинг“ во Кочани со сведоштва на граѓани кои изгубиле свој или блиски пријатели. Гледајте не вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk