Трилинг со нови теми и соговорници.
Но, дозволете ми да соопштам и сопствен поглед на најновиот бран на анимозитети во соседската политика, во регионот.
Бугарските и македонските власти со возобновени непријателски постапки од раниот социјализам.
Во Софија, од поединци се создаваат национални величини, како што е случај со Христијан Пендиков, пребеганиот и осомничен охриѓанец. Таквиот гест е истовремено потценувачки однос кон сите други македонски граѓани кои на чесен и искрен начин се декларираат дека се етнички Бугари.
Во Скопје е дадена директива да не им се дозволи влез на еден европратеник и бугарски бизнисмен и филантроп.
Ако уставните промени и националната гордост зависат од изјавите на Ковачев и Врбовски, колку и да се непријатни и непријателски, тогаш некој во оваа власт го изгубил европскиот компас за слобода на говор и движење.
Тоа значи дека во двете држави повторно воскреснуваат духовите на Лазар Колишевски и Цола Драгојчева. Со нивните комунистички идеологии Бугарија и Македонија остануваат заробеници на сопствената националистичка самодоволност. За жал!