Триесет години творештво и промоција на 20. книга поезија на Јовица Ивановски

Jовица Ивановски е роден во Скопје, во 1961 година. Автор е на дваесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ (2019).

Поетската книга „Ситна боранија“ од Јовица Ивановски вечер ќе биде промовирана во новиот „Лабораториум“. Авторот прославува двоен јубилеј: триесет години творештво и 20-та книга поезија.

Книгата ќе ја промовираат Владимир Јанковски и Сашо Гигов-Гиш.