Триглав пензиско друштво одбележа пет години постоење
Триглав пензиско друштво АД денеска одбележа пет години постоење. На свеченоста беше истакнато дека во овие пет години, Триглав пензиско друштво прераснал во брзорастечко друштво на пазарот.
Менаџментот информираше дека Триглав пензиско друштво АД ја започна својата приказна во 2019 година како најмлад член на Групација Триглав со мисија да се позиционира како атрактивен избор за капитално финансирано пензиско осигурување на македонскиот пазар.
Јјубилејот, како што посочија, претставува повод за креирање на кампањата „Триглав за тебе“ преку која се става акцент на уникатноста на Друштвото во пристапот до секој поединец во системот, но и фокус кон градење на доверба кај членството преку креирање на додадена вредност за сегашните и идните генерации.
Претседателот на Управниот одбор Тихомир Петрески нагласи дека се задоволни од рзултатите што го имаат остварено во задолжителниот и доброволниот фонд.
-Овие резултати друштвото ги толкува како неоспорна потврда за постигнатиот напредок во сферата на креирање на конкурентна клиентска понуда на услуги за постојното и идното членство во фондовите со кои управуваме, но и како мотив да продолжиме, посветено да креираме и обезбедуваме уникатно корисничко искуство за секој наш постоен и иден член. Остануваме посветени, со едноставни, проактивни и доверливи решенија дополнително да ја градиме довербата на членството на македонскиот пазар, рече Петрески.
Според официјално објавените податоци, Триглав пензиско друштво бележи пазарно учество од околу 10 проценти во задолжителното пензиско осигурување и двоцифрен раст во делот на доброволното пензиско осигурување.