„Триаголник на тагата“ на Рубен Ослунд ја освои Златната палма во Кан
Социјалната сатира „Триаголник на тагата” на шведскиот режисер Рубен Ослунд ја освои Златната палма на 75. Кански филмски фестивал.
Гран при наградата од жирито оди за „Блиску” на Белгиецот Лукас Донт и „Ѕвезди на пладне” на Французинката Клер Дени.
Наградата за најдобра режија на Канскиот фестивал оди за јужнокорејскиот автор Парк Чан-вок за „Одлука за заминување”.
Филмот „Момче од рајот“ на режисерот Тарик Салех победи во категоријата за најдобро сценарио.