Трет ден по ред пад на Волстрит, инфлацијата во САД е над 9%

Берзанските индекси на Волстрит паднаа во вчера, трет ден со ред. Инфлацијата во САД во јуни достигна 9,1%, највисокото ниво од 1981 година.

Индексот Dow Jones ослабе за 208 индексни поени или за 0,67 отсто, на 30.772 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,45 проценти, на 3.801 поен, а Nasdaq индексот падна за 0,15 отсто, на 11.247 индексни поени, информираат оттаму.

И на европските берзи во средата цените на акциите бележеа пад. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,74 отсто, на 7.156 поени, франкфурскиот индекс DAX се лизна за 1,16 проценти, на 12.756 поени, а парискиот CAC индекс се намали за 0,73 отсто, на 6.000 индексни поени.

Во текот на тргувањето на њујоршкиот пазар на хартии од вредност индексите беа во минуси и по повеќе од 1 отсто, бидејќи вложувачите ги шокираше податокот дека инфлацијата во САД во јули достигнала 9,1 отсто, што е новото највисоко ниво по повеќе од 40 години.

Аналитичарите очекува раст на инфлацијата од 8,6 отсто, колку што изнесуваше во мај, на 8,8 отсто.

Во фокусот на вложувачите следните денови, пак, ќе бидат извештаите за кварталните деловни резултати на компаниите.

Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека компаниите од составот на технолошкиот индекс S&P 500 во второто годинешно тримесечје оствариле раст на заработките за 5,7 отсто во однос на истиот лански период, што би бил значително помал раст отколку во претходните квартали.