Трет ден гори пожар во фабрика за батерии кај Мадрид: Токсичен чад загрозува 60.000 жители
Шпанските пожарникари и натаму се борат со пожарот во фабрика за рециклирање литиумски батерии во индустриската зона Асукека де Енарес, околу 50 километри од Мадрид, два дена по неговото избувнување, пренесе ДПА.

Пожарот, предизвикан од серија експлозии во петокот, доведе до предупредување до околу 60.000 жители во пет општини во регионот да останат во своите домови, да ги затворат прозорците и вратите и да ги исклучат климатизерите поради токсичниот чад. Овие ограничувања беа укинати синоќа откако чадот почна да се крева вертикално и престана да претставува закана за околината, изјави локален функционер.
Видео-снимки објавени во петок покажуваат огромен црн облак чад над фабриката. Според информациите, две лица се повредени.
Пожарите со литиумски батерии се познати по тоа што тешко се гаснат поради создавањето запаливи гасови и ослободувањето кислородни соединенија, што овозможува огнот да се одржува и без надворешен кислород. Чадот што се создава е високо токсичен, нагласува ДПА.