
Тренчевска: Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани за КЗК, одби и враќање на членот 353
Таа вели: „Одбија и бришење на рокот од 5 години за конфискација на имот стекнат со криминал. Зошто имотот украден од граѓаните да не може да се конфискува без разлика кога е стекнат. Правда со рок на траење не е правда. Одбија строги и јасни правила за системот „Safe City“: дигиталните податоци и снимки да се бришат во рок од 48 часа, а пристап до нив да има исклучиво со судски налог“.
„На денешната комисиска расправа, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ ги одби сите амандмани на СДСМ за Кривичниот законик. Одбија враќање на членот 353 – злоупотреба на службената положба и овластување, на решението пред измените од 2023 година. Причината е јасна: со сегашните решенија нема одговорноста кај најкритичната област – тендерите. Без силен член 353, тендерската коалиција сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми, без одговорност“, рече на прес-конференција во Собранието пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска.
Таа вели: „Одбија и бришење на рокот од 5 години за конфискација на имот стекнат со криминал. Зошто имотот украден од граѓаните да не може да се конфискува без разлика кога е стекнат. Правда со рок на траење не е правда. Одбија строги и јасни правила за системот „Safe City“: дигиталните податоци и снимки да се бришат во рок од 48 часа, а пристап до нив да има исклучиво со судски налог“.
„Вака останува можноста за злоупотреби, МВР да делува како партиски инструмент за следење, притисок и уцена на граѓаните. Одбија драстично зголемување на казните за организиран криминал. Одбија проширување на условите за конфискација, за криминалниот имот да не може да се крие зад туѓи имиња, параван-фирми и фиктивни сопственици. Дури одбија и позасилена кривично-правна заштита на децата од најтешките форми на експлоатација“, порача Тренчевска.