Тренчевска: Просечната плата е над 600 евра, пензиите ги следат покачувањата на трошоците за живот

Министерката за труд и социјална политика во гостување за ТВ21 рече дека во моментов просечната плата во Македонија е над 600 евра и дека пензиите ги следат покачувањата на трошоците за живот.

Порастот на пензиите го следи покачувањето на трошоците на живот, ја следи инфлацијата, а ја следи и порастот на просечната плата. Дури и во моменти кога ќе немаме толкава инфлација како што е сега, верувам дека ќе се намали и до крајот на годината ќе дојде до едноцифрена бројка, тогаш пензиите ќе растат повторно, затоа што просечната плата постојано расте. Ќе дојдеме до 600 евра просечна плата, и веќе во јули согласно податоци е над 600 евра.

Таа додава дека кога се носела методологијата за покачување на пензиите, ниту еден пензионер не бил против.

„Во септември не очекува покачување на пензиите со новата методолија. Во март минатата година кога ја носевме новата методологија и кога ги правевме законите за инвалидско осигурување, ниту еден не пензионер не беше против. Сите пензионери ја поддржаа одлуката. Порастот на пензиите го следи покачувањето на трошоците на живот, ја следи инфлацијата, а ја следи и порастот на просечната плата. Дури и во моменти кога ќе немаме толкава инфлација како што е сега, верувам дека ќе се намали и до крајот на годината ќе дојде до едноцифрена бројка, тогаш пензиите ќе растат повторно, затоа што просечната плата постојано расте. Ние рековме дека ќе дојдеме до 600 евра просечна плата, и веќе во јули согласно податоците е веќе над 600 евра“, рече Тренчевска.