Министерката Јованка Тренчевска денеска на новинарско прашање рече дека Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот на образование наука и култура полека ги приближуваат ставовите по однос на барањето на повисоки плати во образованието.
Таа за преговорите поради кои претходно СОНК организираше штрајк рече:
„Се приближуваме кон ставовите и на двете страни, меѓутоа, ни треба време за да можеме предлозите коишто беа дадени од страна на СОНК и предлозите дадени од страна на Министерството за труд и социјална политика да ги усогласиме внатре во нашите институции и до крајот на неделата верувам дека четврток, петок, ќе го имаме конечното решение“ – рече Тренчевска.