Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска при гостувањето во вестите на Сител телевизија рече дека ВМРО-ДПМНЕ ги излажа работниците и сега нема покачување на платите, нема за администрација, за образование, за здравство, нема ниту поголема минимална плата.
Во буџетот има пари за се и власта треба да ја зголеми платите, додаде таа.
– Излажаа и за функционерските плати а не сакаат да ја покачат минималната плата. Се најавува дека нема да има покачување ниту на платите во образованието. Во буџетот има пари за се и власта треба да ја зголеми платите, да ја зголеми минималната плата. Треба да се почитуваат колективните договори а платите во образование дека треба да се покачат 12% во септември, тоа е и законска обврска, рече Тренчевска.
Во врска со покачувањето на пензиите, Тренчевска постети дека ВМРО-ДПМНЕ за време на кампањата ветуваше зголемување на пензиите од 5.000 денари, а не на рати, во септември и во март наредната година и дека пензионерите на овој начин се излажани.
– Пензионерите наместо 5.000 денари како што им ветуваа сега се најавува дека 2.500 денари ќе биде. До март има шест месеци, значи секој пензионер губи 15.000 денари од она што им беше ветено. Тоа е една работа, втора е дека не се знае дали усогласувањето на пензиите ќе постои. Тоа значи дека нема да добијат пензионерите повеќе од 1.000 денари а ако оди само со 2.500 денари не добиваат сите пензионери, некои губат, рече Тренчевска.
Ако ја укинат методологијата и дадат популистички линерано 2.500 денари, сега и во март, а после нема да дадат, ќе останат излажани и пензионерите, како што останаа излажани работниците дека ќе ја зголемат минималната плата, дека ќе има раст на платите, додаде таа.