
Трендафилов: Утре ќе протестираме за повисоки плати, за владините мерки ќе зборуваме на 2 мај
За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај, утре ќе бараме зголемување на нашите плати за да можеме да си ги дозволиме и ваквите цени во супермаркетите, рече денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов.
За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај, утре ќе бараме зголемување на нашите плати за да можеме да си ги дозволиме и ваквите цени во супермаркетите, рече денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов.
Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за утрешниот протест, истакна дека замрзнувањето на цените и маржите даде само половичен резултат.
Се покажа, оцени, дека трговците се алчни и дека на грбот на работниците создаваат огромен капитал.
-Синдикалната минимална кошничка покажа дека само 6,78 отсто се намалени цените на 63-те основни производи што ги мериме ние. Не беше ни блиску до 10 или на 10 отсто како што ветуваа трговците. За жал, Владата, како и многу пати досега, е изиграна од нивна страна. Се надевам дека нема да дозволи да ја изиграат по трет, четврти и петти пат. За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај, утре ќе бараме зголемување на нашите плати за да можеме да си ги дозволиме и ваквите цени во супермаркетите. Се покажа дека трговците се алчни и дека на грбот на работниците создаваат огромен капитал. Се надевам дека тоа нема да биде случај и на 2 мај. Доколку биде случај, ќе ги преземеме сите мерки што ни се на располагање и кои во минатото ја поттикнаа Владата да носи мерки кои ќе траат и на подолг рок, напомена Трендафилов.