Трендафилов: Над 11.000 македонски работници заминале во Хрватска за една година

На кого му одговара македонските квалификувани работници да си заминат од Македонија, прашува претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во објава на Фејсбук.

На кого му одговара македонските квалификувани работници да си заминат од Македонија, прашува претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во објава на Фејсбук.

– Политиката на ниски плати е многу погрешна, но ако не излезете со нас на протестите, тие мислат дека ја поддржувате !

11.384 работници од Македонија во 2025 година добиле работни дозволи за работа во Хрватска, уште колку заминале во Црна Гора, Словенија, Германија итн., а македонските газди замениле само 8500 од нив со работници од Бангладеш, Непал и Индија ( за кој се сомневам дека останале во Македонија )

Газдите кукаат дека немаат квалификувани работници, Владата смета дека не треба да се зголемуваат платите, а работниците си заминуваат од Македонија, па легитимно е прашањето на кого му одговара македонските квалификувани работници да заминат од Македонија ? – стои во објавата на Фејсбук.