Трговската размена меѓу Русија и Индија во првиот квартал од 2024 година достигна рекордни 17,5 милијарди долари

Трговскиот промет меѓу Русија и Индија во првиот квартал од 2024 година се зголеми за пет отсто на годишно ниво на рекордни 17,5 милијарди долари, пренесува РИА Новости повикувајќи се на податоци на индиското Министерство за индустрија и трговија.

Во јануари 2024 година прометот на двете земји изнесуваше шест милијарди долари, во февруари 5,2 милијарди долари, а во март се зголеми на 6,3 милијарди долари.

Русија испорача стоки во вредност од 16,3 милијарди долари во Индија во првиот квартал од 2024 година, со што стана нејзин втор најголем снабдувач по Кина.