Трајкоска: Донесувањето на минималната плата не не направи сите побогати, инфлацијата ќе е уште повисока

„Не бараат компаниите пари за себе, во време на криза сите треба да опстоиме, во овој период компаниите имаат проблем со недефинирани даночни реформи, се соочуваат со недоволно квалификуван, квалитетен кадар. Се соочуваме со укинување на еден од најдобрите закони – за субвенционирање на платите“ – вели Владанка Трајкоска – претседател на Организација на работодавачи.

„Работодавачите имаат сериозен предизвик пред себе“ вели Трајкоска.

Таа истакна „ако знаеме дека за една година се одржани само 5 состаноци на Економско-социјалниот совет, ќе видите колку сериозно се разбираат сите овие функционирања на ова трипартитно тело“.

„Донесувањето на минималната плата не не направи сите побогати, да не се надеваме дека следната година ќе е посреќна од оваа, напротив. Инфлацијата ќе биде уште повисока“ вели Трајкоска.