„Ние се уште минуваме низ транзициски процеси на приватизација на некогашниот општествен капитал. Воведување на пазарни механизми, политики на маркетизација на јавните услуги. А тоа е и тоа како силна структурна системска основа за коруптивно однесување на единките. Таквиот систем, таквите околности општествени околности не се само македонски, тие се европски и глобални. Тоа е она што го прави неолиберализмот во последните 30 години. Руинирање на јавните институции, јавните услуги, нема приватизирање, а приватниот интерес и капитал е без безкруполозен. И во економијата и во другите сфери“ – вели универзитетскиот професор Ило Трајковски во најновото издание на Трилинг.
Според Трајковски, во овој период доживуваме секундарна корупција.
„Ние во овој период мислам дека доживуваме, во литературата се нарекува, секундарна корупција. Примарна во смисла, да секогаш имало коруптивни поведенија на луѓе, но ова сега што се случува кај нас според таа терминологија е секундарна корупција, во смисла на тоа дека сторителите на вакви дејствија особено од високите ешалони на јавните власти, не се плашат веќе од казна. Кај нив во Македонија веќе тој страв го нема. По анализите кои ги следам, тие се тука да ја контролираат корупцијата. Кај нас тој процес се случува некаде од 2002 година. На оние мерки кои се познати на јавноста, на пример индексот на контрола на корупцијата, ние постојано имаме исклучително ниско ниво на корупцијата, а контролата ја прават токму тие високи структури“ вели тој.
На прашањето што не би сакале да се случи идната година, тој истакна – „Војна“.
„Ескалација на ова што го имаме. Војна. Сериозно сум загрижен дека работите одат во таа насока. Не само за Украина, и во нашето соседство. Генерално кризата во која што се завлезени најголем дел од претставничкит е институции и недовербата која што постои меѓу нив и порастот н нееднаквостите на глобално ниво, потсеќаат на состојби историски кои ги знаеме предвоени којшто многу лесно можат да бидат искористени од популистички лидери кои ќе ги пукнат масите во таа насока” – вели тој.