
Голема полициска акција се спроведува од утрово на повеќе локации во Скопје, Тетово и Куманово.
Според извори на Фокус, меѓу приведените и осомничените се поранешниот заменик-министер за земјоделство Трајан Димковски, поранешен директор на Агенцијата за стокови резерви и уште тројца раководители од истата институција.
Осомничените со неизвршување на своите службени должности придонеле да се отпишат 1.500.000 килограми меркантилна пченица и 500.000 килограми јачмен од стоковите резерви, со што на државниот буџет му била нанесена штета од околу 780.000 евра, соопшти Обвинителството.
Акцијата ја спроведува Одделот за спречување организиран и сериозен криминал (ОСОСК) при МВР, во координација со ОЈО Скопје, а опфатени се службени лица во Агенцијата за стокови резерви, Агроберза, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.