
Се надевам дека Ковачевски не е заложник на ДУИ, изјави Павле Трајанов од Демократскиот сојуз. Тој вчера го напушти владиното мнозинство.
Премиерот Ковачевски денеска истакна дека се надева дека Трајанов нема да стане заложник на Димитар Апасиев како што е Христијан Мицкоск . Според Трајанов пак, тоа е ниско ниво на комуникација.
„Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата“, рече Трајанов.
Според премиерот, одлуката којашто ја донесе Демократски сојуз не претставува никакво нарушување на силината и на стабилноста на владиното мнозинство.