„Сите оние кои биле вклучени во преговорите, посебно министрите за надворешни работи и за европски прашања да се преиспитаат и евентуално да поднесат оставка“.
Ова денеска на прес-конференција го побарапратеникот и лидер на Демократскиот сојуз – Павле Трајанов.
Тој за францускиот предлог дека овој дебакл кој го доживеала земјава е резултат на нивните преговори и на нивните групи со кои раководат.
„Значи, тие преговараа со Бугарија, тие даваа согласност и на францускиот предлог и на преговарачката рамка и на протоколот кој што е исто така многу полош и од самата рамка бидејќи таму многу силно се нагласува улогата на Бугарија со јазичните прашања, прашањата поврзани со идентитетот, историските прашања и сè она што Бугарија практично го бараше на суптилен начин е вградено и во преговарачката рамка, а уште повеќе во Проколот со кој што е сосема извесно дека Македонија се сложила“ смета Трајнов.
Долгогодишниот пратеник ја повика Владата да ја повлече согласноста околу прифаќање на францускиот предлог – предлог во кој што се вградени националистичките барања на Бугарија посебно за нашиот национален идентитет, јазикот, историските и образовните прашања.
„Сметаме дека овие прашања кои ги отвори Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка и во таа насока сакаме јасен, дециден став од страна на претседателот на Владата, господинот Димитар Ковачевски, да го презентира својот став за преговарачката рамка, односно сè она што е сврзано со францускиот предлог, Протоколот со кој што треба да се имплементираат решенијата од францускиот предлог во преговарачката рамка“ рече Трајанов.
Лидерот на ДС ги повика граѓаните преку социјалните мрежи или преку протести да го изразат својот став, својот револт против оваа преговарачка рамка.