„Веќе 15 години постоење на Бирото претставува една од клучните алатки во кредитната индустрија и претставува една од најголемите бази на податоци во делот на обработка и размена на податоци за обврски за физички лица и правните субјекти. Податоците се црпат по различни основи и различни извори. Од банките финансиски друштва, УЈП, различни регистри, телекомуникации, локална самоуправа, ПИОМ и сит е компании регистрирани во РМ“ – потенцира Тони Трајанов – извршен директор на Македонско кредитно биро (МКБ) во најновото издание на Трилинг.
„Со формирање и добивање на лиценца за нивно работење, на нивна иницијатива доставуваат барање за соработка со МКБ и со потпишување договор меѓу Бирото и финансиските друштва се пристапува кон размена на податоци. Не можат финансиските друштва, ниту било која институција да користи инфо без да потпише договор за размена на податоци. Располагаме со потпишани договори со 20 финансиски друштва кои во моментот работат и функционираат во РМ” – истакна Трајанов.
На прашањето дали се соочиле со барање од правен субјект, компанија или физичко лице да побара, да нема достапност до информација за статусот, одговори со негативно.
„Не. Досега не се случило таква потреба, да не можеме да излеземе во пресрет на клиентот кој што ни побарал инфо со она со кое што разполагаме. Битно е да напоменеме дека претежно се ажурираат и на дневно и на месечно ниво“ – вели тој.