Трајановски: Власта сака да ги „прошверцува“ мигрантите како економски работници

Потпретседателот на СДСМ, Александар Трајановски, во интервју за „360 Степени” рече дека „намерата на власта за носење мигранти или т.н. „економски работници” во земјата е разобличена“ и дека законските измени за олеснување на вработувањето на странски работници, како што рече, „всушност е прикривање на влезот на мигранти во земјата“.

„Сè води кон тоа. Дали ќе ги крстиме економски работници или мигранти, сè води кон тоа. Пак ќе бидат одбиени луѓе од Обединетото Кралство, кои тука ќе ја земат работоспособноста на нашите работници. И оттаму е тоа стопирање за покачување на минималната плата за нашите работници”, изјави Трајановски.

Тој додаде дека веќе има примери каде домашни работници се отпуштаат, а за сметка на тоа се задржуваат странските работници.

„Законот во Собрание се донесе за олеснување на економските работници за 2026 година. Бехтел и ЕНКА отпушта наши работници, а странските работници ги задржуваат. Дали се тоа мигранти или ќе ги прошверцува Владата како економски работници, тоа за мене е исто”, истакна Трајановски.

Во интервјуто, Трајановски посочи дека темата за мигрантите не ја отворил СДСМ, туку реномирани британски медиуми, а Владата на ВМРО-ДПМНЕ до ден-денес не покажала транспарентност кон јавноста и избегнува да даде јасни одговори пред граѓаните дали се водат преговори за прифаќање мигранти во државата.

Тој додаде дека наместо одговори, власта „реагирала со панични потези“ за да се избегне дебата за ова прашање.

„Што добивме ние? Декрет за забрана во Собранието да се зборува на таа тема, кој беше панично донесен со цел да не се навлегува воопшто во таа тема. Иако ние поднесовме и резолуција со цел да се стави крај на оваа тема, да нема никакви шпекулации, ниту во еден момент владејачката партија не демантираше”, рече Трајановски.