Премиерката Лиз Трас рече дека Обединетото Кралство и нејзините сојузници не треба да го слушаат „штракањето со пиштоли“ на рускиот претседател Владимир Путин за Украина, откако тој нареди делумна мобилизација на војниците и ја покрена можноста за нуклеарен конфликт.
„Не треба да го слушаме неговото штракање со сабја и неговите лажни закани. Наместо тоа, она што треба да го направиме е да продолжиме да воведуваме санкции кон Русија и да продолжиме да ги поддржуваме Украинците“, изјави Трас за Си-Ен-Ен.
„Путин направи стратешка грешка со инвазијата на Украина. Мислам дека Украинците го надмудрија. Видовме како Украинците продолжуваат да возвраќаат. И мислам дека тој не ја очекуваше силата на реакцијата од слободниот свет“ – рече таа.
Нејзината порака до светските лидери е „да продолжиме да воведуваме санкции кон Русија и да продолжиме да ги поддржуваме Украинците. Ако му се дозволи на Путин да успее, тоа не само што би испратило ужасна порака во Европа и, се разбира, голема закана за самото украинско население, туку би испратило порака и до другите авторитарни режими ширум светот дека тоа е некако прифатливо“.
„Затоа е толку важно да продолжиме да бидеме одлучни, да не го слушаме штракањето со оружје со што се заканува Путин и да продолжиме да ги поддржуваме Украинците до крај. И тоа ќе го направи Обединетото Кралство, јас сум убедена“ – рече Трас.