Трас: Нема да поднесам оставка

Британската премиерка Лиз Трас изјави дека нема намера да поднесе оставка.

„Апсолутно сум решена да го исполнам она што го ветив, да овозможам повисок раст, попросперитето Обединетото Кралство“, рече Трас на прес-конференција во нејзината канцеларија.

„Веќе воведовме загарантирана цена на енергијата, обезбедувајќи луѓето да не добиваат огромни сметки оваа зима“, посочи таа.

Таа потсети дека партијата ја избрала за да постигне ниски даноци, високи плати и висок раст, додавајќи дека тоа е сепак нејзина задача. Таа истакна дека секогаш ќе постапува од националниот интерес.

Ќе го пребродиме ова невреме“, рече таа.

Трас го назначи поранешниот министер за надворешни работи Џереми Хант за нов министер за финансии, откако драматично го разреши Кваси Квартенг, што веројатно ќе биде знак за промени во политиката.