
Трамп ѝ честиташе на Полска за изборот на Навроцки за претседател на земјата
„Честитки до Полска, избравте победник“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social, прикачувајќи го, како што презентираше, насловот на телевизијата Њузмакс, кој гласи „Сојузникот на Трамп победи во Полска, шокирајќи ја цела Европа“.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ѝ честиташе на Полска за изборот на историчарот Карол Навроцки за претседател на земјата.
„Честитки до Полска, избравте победник“, напиша американскиот претседател на својата социјална мрежа Truth Social, прикачувајќи го, како што презентираше, насловот на телевизијата Њузмакс, кој гласи „Сојузникот на Трамп победи во Полска, шокирајќи ја цела Европа“.
Во вториот круг од изборите во неделата, Полјаците го избраа 42-годишниот Карол Навроцки за претседател, историчар со хулиганска младост, претседател на Институтот за народно сеќавање, поранешен боксер, чија политичка инспирација е американскиот лидер Доналд Трамп и движењето MAGA.
По пребројувањето на гласовите од сите избирачки места, Државната изборна комисија објави дека Навроцки, кандидатот на конзервативните популисти од партијата „Право и правда“, освоил 50,89 проценти од гласовите, а кандидатот на владејачката коалиција, либералниот проевропски градоначалник на Варшава, Рафал Тржасковски, освоил 49,11 проценти.
Изборите ја поделија Полска на два еднакво спротивставени табора, бидејќи следбеникот на американскиот претседател Трамп беше избран со тесно мнозинство од само 370.000 гласови од вкупно 28,9 милиони гласачи.